се наоѓате во:  2010

25.05.10

Водолија кани на акустичен концерт

Скопската рок-група Водолија следниот вторник (29-ти јуни) во 19 часот ќе одржи анплакт концерт во студиото на Македонската телевизија. На овој концерт песните од последниот албум на Водолија ќе бидат изведени акустично. Како специјални гости на бендот ќе настапат Зоки од Рок Агресори и Деан Ќурчиев од Никеја.

За сите заинтересирани, влезот е бесплатен, а секој посетител на подарок ќе добие и гратис-цеде од последниот албум на Водолија - Се што е свето, кој е дополнително потпечатен за промотивни настапи - изјави за МММ лидерот на бендот Ристо Апостолов.

 

преземено од www.mmm.com.mk





 

Здружение на автори на музички дела на Република Македонија - ШПАТО
Author's music work Society of Republic of Macedonia - SPATO
Скопје, ул.Градиште бр.14 (локал 116, на кат), тел. 070401232 e-mail: shpato@shpato.mk

ж.с. 200001030821126 Стопанска банка АД - Скопје Д.Б. 4030004513879